Актуелно 26.07.2018 19:08

Утре дожд и грмежи, викендов сончево, од понеделник повторно врнежи

Утре дожд и грмежи, викендов сончево, од понеделник повторно врнежи

Времето утре ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Времето во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на североисток има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во недела времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните и северните планински предели има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Додека времето во понеделник ќе биде променливо, околу пладне и попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи.