На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција на хартии од вредност во износ од 300.000.000 денари или 4, 8 милиони евра која треба да се одржи утре на 05.11.2019 година.
Инаку владата само пред една недела се задолжи за огромни 41 милион евра додека јавниот долг континуирано расте. Имено, експертската јавност постојано предупредува за зголемувањето на јавниот долг кој достигна над 50 % од БДП што е алармантно додека со позајмените пари воопшто не се градат стратешки проекти кои се од долгорочен интерес на државата.
Дополнително, реализацијата на капиталните проекти изнесува очајни 28, 16% заклучно со август што според економистите е катастрофална бројка токму поради фактот што задолжувањата се огромни додека капиталните инвестиции се на очајно ниво и се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.
Владата се фалеше дека 2019 година ќе биде економска година но ништо не се оствари од предвидувањата и ветувањата на владејачката гарнитура и тимот задолжен за економски прашања . Напротив сите реномирани институции и на сите економски листи земјата континуирано паѓа додека неодамна во извештајот на „Doing Business “ за 2020 година Македонија падна за 10 места односно од 10 место на 17