Актуелно 01.07.2019 15:46

Утре Владата ќе се задолжува за нови 10 милиони евра- Долгот алармантно расте

Утре Владата ќе се задолжува за нови 10 милиони евра- Долгот алармантно расте

Утре Владата ќе се задолжува за нови 620.000.000 денари или огромни 10 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Министерството за финансии објавена е аукција на државни хартии од вредност закажана на  02.07.2019 година.

Задолжувањата енормно растат и според експертите  достигнуваат алармантно ниво.  Додатно, со   слабата реализација на капиталните инвестиции вклучително со месец Мај  кои изнесуваат очајни 13 % економистите велат дека состојбата во економијата не се движи по добар пат.

Имено, познавачите велат дека енормни задолжувања кои не се пропратени со истата динамика на градење и вложување од страна на државата во капитални проекти може да значи опасност по целокупната економија.

 

Понатаму, јавниот долг на државата континуирано расте односно достигна 50 % од Бруто домашниот производ што според сите финансиски институции  не претставува добар знак. Исто така според проекциите на Светска Банка и ММФ јавниот долг на државата се очекува да порасне и до 53 % од БДП до 2021 година .

Инаку, Владата лани ветуваше дека 2019 година ќе биде година на економијата и ветуваше инфраструктурен  и инвестициски бум но ништо од ветеното не се случи.