Владата утре планира да се задолжува за нови 21 милион евра според објавената аукција на државни хартии од вредност која е закажана за 17.12.2019 година на сајтот на Народна Банка на Република Македонија.

Имено, ова е едно од низата задолжувања која ги направи оваа влада од почетокот на годината. Експертската јавност континуирано алармира за прекумерните задолжувања и го критикува неработењето на владата во делот на капиталните инвестиции кои се очајно ниски. Според последниот извештај на Министерството за финансии за извршување на буџетот реализацијата на капиталните проекти заклучно со месец октомври изнесуваат очајни 40 %
Така според информациите откако Заев е на власт јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра и јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.
Јавниот долг до 2020 година е проектиран да достигне над 50 % што е опасно по економијата тврдат економистите но власта и покрај предупредувањата од стручните лица смирува дека јавниот долг е нормален. Инаку во минатото кога сегашната влада преводена од СДСМ беше во опозиција покреваше жестоки дебати и критики за јавниот долг и кога изнесуваше само 47 % од БДП.