Актуелно 13.01.2020 21:35

Утре владата се задолжува за нови 8 милиони евра

Утре владата се задолжува за нови 8 милиони евра

Утре владата планира да се задолжи за нови 8 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е нова аукција на хартии од вредност во износ од 500.000.000 или 8 милиони евра.

 

Владата континуирано се задолжува додека јавниот долг вртоглаво расте. Експертите сметаат дека задолжувањето во последните две години е огромно и дека воопшто не е оправдано. Капиталните инвестиции се очајно ниски додека економијата воопшто не ги исполни очекувањата кои владата ги најавуваше.

Имено, јавниот долг ја надмина психолошката граница и е проектиран до крајот на 2020 да достигне 51 % што е алармантно и опасно коментираат економистите.
Исто така голем дел од светски познатите финансиски институции ја рангираат македонската економија во една од најслабите како на Балканот така и во Европа.
Владата на СДСМ пред да дојде на власт ветуваше намалување на јавниот долг, намалено задолжување и раст од 5 % но ништо од ова не се оствари.