Економија 27.12.2018 19:10

Ванси купува мнозински пакет на „Гетвик“ за 3,22 милијарди евра

Ванси купува мнозински пакет на „Гетвик“ за 3,22 милијарди евра

Француската компанија „Ванси“ ќе биде новиот мнозински сопственик на вториот по големина британски аеродром „Гетвик“. Тие од пред пет денови веќе се концесионери на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Мнозинскиот удел од 50,01 отсто од лондонски Гетвик, Ванси ќе го купи за 3,22 милијарди евра. Останатиот дел останува во раце на ко-сопственикот Глобал инфрастракчр партнерс. Таа компанија беше „шеф“ на Гетвик од 2009 година.

Секоја година на аеродромот се опслужуваат околу 45 милиони патици и се извршуваат летови до 230 дестинации и 70 држави.