Актуелно 08.10.2018 23:58

Василевска: Заев си игра покер со македонските граѓани и воведува чесни луѓе во сето ова

Василевска: Заев си игра покер со македонските граѓани и воведува чесни луѓе во сето ова

Ова е „all in“ покер, Зоран Заев си игра покер со македонските граѓани и воведува чесни луѓе во сето ова. Знаете што е работата само да се прифати и смени уставното име, потенцира професорката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска во „24 Анализа“.

-Во суштина овој предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија е опасен од една едноставна причина, а тоа го знае секој студент на Право, прва година што завршил, а тоа е отворањето на Уставот носи многу опасности и обично има други позадински моменти кои што ќе одат во контекст на значи на самото отворање, појасни Василевска.

Професорката додава дека всушност она што му треба на Зоран Заев е да направи шверцерски обид за да го отвори Уставот каде што потоа ќе се налепат и други аспекти.

-Вака ако се погледне на прв поглед делува потврдувачки, но не доволно за да може да се заборави моментумот со кој што може да се потврдуваат работи што веќе се потврдени во изминатите 27 години. Откако ја презема власта имаме спроведување на балканси билатерални договори на штета на македонскиот народ вели таа. Договорот треба да се отфрли како мртов и да се оди на предвремени парламентарни избори секоја партија да си стави како ќе го решава овој проблем понатаму, заклучи Василевска.