Најпопуларниот сервис за допишување „Ватсап“, што го користат повеќе од милијарда луѓе, набргу би можел да стане недостапен за милиони корисници поради новата верзија за ажурирање.
„Најновата верзија за ажурирање ќе ја отстрани поддршката за постарите мобилни телефони, што се очекува најмногу да има влијание кај сопствениците на ‘ајфон 4’ и постарите модели што користат оперативен систем „Иос 7“.
Она што засега е добра вест е дека промената ќе се случи дури во февруари 2020 година, што ќе им овозможи на сопствениците на постари модели на „ајфон“ да си ги заменат телефоните за понови модели.