Актуелно 30.08.2023 11:39

Велешките патници револтирани поради несоoбраќање на возовите

Велешките патници револтирани поради несоoбраќање на возовите

Велешани кои патуваат со воз се револтирани поради тoa што возовите веќе пети ден не сообраќат поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт.

Патниците од Велес и велешко кои редовно патуваат со воз од кои некои немаат можност за друг превоз, се револтирани што мора да бараат други начини да стигнат до Скопје, Прилеп, Битола, Гевгелија, а како алтернатива мора да бараат поскап превоз со автобус, такси или сопствен превоз со што се изложуваат за дополнителни трошоци за бензин и патарини.

Се обраќаат со молба до менаџерскиот тим на МЖ Транспорт во преговори со Владата да ги исполнат барањата на машиновозачите за возовите повторно да се пуштат во сообраќај.

Машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт од петокот во 16.00 часот почна бојкот со прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатен втор дел од платата за месец јули годинава. Прв воз што запре наместо да тргне беше возот од Скопје – Гевгелија кој по возен ред поаѓа во 16:55 часот.