Економија 01.10.2019 10:56

Вес Мичел: Кина и Русија сакаат да ја ограничат слободата на Западен Балкан

Вес Мичел: Кина и Русија сакаат да ја ограничат слободата на Западен Балкан

Слаб и дестабилизиран Балкан е главната цел на Кина и Русија порача поранешниот помошник државен секретар на САД во рамки на самитот на „Економист“.

“Русија континуирано го зголемува своето влијание во источниот свет и се труди да го дестабилизира регионот за да може да доминира во земјите од Западен Балкан. Од друга страна Кина ги злоупотребува пазарните закони и да се наметне како светска сила. Сето ова го прави преку Балканот, бидејќи овој регион е физичката врска помеѓу Кина и Европа. Но овие времиња завршија. Западниот Балкан се приклучува во економскиот развој на целиот свет. Мојот став е дека ова денес е нoв Балкан, Балкан на 21 век. Ова е важен момент за интеграција на целиот регион“, порача Вес Мичел.