Живот 21.06.2018 14:18

Вештачки интелект на Facebook ќе го елиминира ефектот на трепкање на очите во селфи фотографиите

Вештачки интелект на Facebook ќе го елиминира ефектот на трепкање на очите во селфи фотографиите

Facebook има широк опсег на алатки кои ни овозможуваат да споделиме повеќе содржини. Ова не значи дека компанијата нема да продолжи да измислува нови средства, со кои ќе не задржи во социјалната мрежа подолго време. Еден од проектите врз кои работат ќе го подобри квалитетот на нашите фотографии. На овој начин, Facebook ќе се обиде да стане омилена услуга за чување, споделување и архивирање на нашата колекција на фотографии. Веќе се тестира систем кој вештачки може да ги отвори очите на луѓето, снимени во селфи.

За да се постигне овој ефект се користат специјални алгоритми за машинско учење кои се обучени за откривање и отстранување слични ефекти од сликите. Facebook веќе има многу функции за да ги исчисти нашите фотографии, да ги отстрани црвените очи од кадрите и да ги направи попривлечни за другите. Сегашната идеја има за цел да ги направи реални дури и оние моменти каде што сме „фатени“ со затворени очи и не можеме да се вратиме назад, информира „TheVerge“. Ако системот е доволно прецизен, на тој проблем може да се стави крај.

Тестовите штотуку беа спроведени со ограничен број на фотографии, бидејќи развојот е во почетната фаза. Концептот се вклопува во многу од актуелните карактеристики на Facebook, и едвај изненадува тоа што ќе биде дел од нашите профили. Новиот метод ќе се базира на најновите иновации на компанијата во областа на вештачката интелигенција и најверојатно ќе се најде и во други апликации. Претстои уште работа за да може системот да се научи да препознава лажни слики и да биде максимално ефективен, за да се користи секојдневно од милиони луѓе.