Мозаик 19.02.2021 12:28

Вест на денот: И Миркуловски ќе игра за Македонија и ќе му помага на Кире!

Вест на денот: И Миркуловски ќе игра за Македонија и ќе му помага на Кире!

Новиот селектор на Македонија, Кирил Лазаров денеска го соопшти стручниот штаб со кој ќе работи во следните четири години во сениорската репрезентација, а на списокот се најдоа добро познати имиња меѓу кои се двајца поранешни играчи и еден повратник и во играчкиот кадар, објави 24 Ракомет.

Филип Миркуловски исто како и Кирил Лазаров ќе има двојна улога во следната година односно додека е активен и на теренот. Двајцата ќе бидат и на тренерскиот список и на играчкиот за првите собири, но останува можноста тие да бидат дел од играчкиот кадар и во следната сезона.

Миркуловски е тренер-играч и во редовите на Вецлар уште од почетокот на оваа сезона така што сега само добива уште една ваква задача, но во националниот тим.

На тренерскиот список се и Бранислав Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенкоска. Се работи за поранешни репрезентативци на Македонија, па со своето искуство ќе бидат од голема помош за националниот тим односно за новиот селектор на Македонија.