Финансии 20.03.2024 08:12

ВФП Пензиско друштво ќе издаде трета емисија акции во вредност од 145 илјади евра

ВФП Пензиско друштво ќе издаде трета емисија акции во вредност од 145 илјади евра

ВФП Пензиско друштво ќе издаде трета емисија од 145.000 обични акции. Вкупната вредност е 145.000 евра. Акциите се наменети за познат купувач, односно за ВФП фонд менаџмент, кој е и единствен акционер. Одобрение доби со решението донесено од Комисијата за хартии од вредност.

„На Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ му се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда – трета емисија на 145.000 обични акции во вкупна вредност од 145.000 евра. Продажната цена на хартиите од вредност е еднаква на номиналната вредност на акцијата односно 1 евро по акција. Обичните акции од третата емисија во целост се наменети за познат купувач-институционален инвеститор, кој е и единствен акционер со 100% учество во акционерскиот капитал на ДУОЗИФ ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје“, наведено е во информацијата од КХВ.

На овој начин ќе се направи усогласување на потребното ниво сопствени средства на Друштвото. Зголемувањето на основната главнина е согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

()