Актуелно 27.09.2018 15:13

ВИДЕО: Колозова освен промена на име, заговара и федерализација

ВИДЕО: Колозова освен промена на име, заговара и федерализација

Професорката Катерина Колозова, која важи за поддржувач на договорот од Преспа за промена на името, повикува да се гласа „За“ на претстојниот референдум.

Но, освен тоа, оваа професорка заговара и федерализација на Република Македонија, па бранејќи ги ставовивте на власта, таа во јавна телевизиска дебата зборува за правење на федерација.

Недвосмислено, Колозова наведува дека е можно после референдумот на Македонија да ѝ следи федерализација.

-Хипотетички да замислиме, утре можеби ќе бидеме некаква федерација. Федерација на што? На Албанци и …? Како се вика оваа другава заедница? Македонци. Според мене, токму затоа што и особено во светло на ова договорите меѓу Косово и Србија и фактот дека лебди над нас некаква неизвесност околу стабилноста во геостратешка и геополитичка смисла, мене ми е важно оваа заедница, според членот 7 да го задржи нејзиното име, за ако утре биде некаква федерација, јас да постојам во некаква форма, истакна Колозова.