Мозаик 22.01.2021 17:40

ВИДЕО: Неспортски потег кон македонскиот голман, црвен картон за Русите

ВИДЕО: Неспортски потег кон македонскиот голман, црвен картон за Русите

Maкедонската ракометна репрезентација денеска го игра натпреварот против Русија во главната фаза од Светското првенство кое се одржува во Египет.

По убедливиот пораз од Словенија завчера, денеска на повидок е уште еден тежок пораз за нашата репрезентација.

По 45 минути игра, Русија води со 23:14. На пауза се замина со предност од 10 гола за Русија, 19 наспрема 9.

На стартот на вториот дел видовме и еден неспортски потег од страна на Русија.

Косоротов кој постигна пет гола во првото полувреме од еден седмцерец намерно во главата го погоди нашиот голман Мартин Томовски.

Поради овој потег заработи црвен картон.