Економија 14.08.2018 17:30

Виена е прогласен за најдобар град за живеење во светски рамки

Виена е прогласен за најдобар град за живеење во светски рамки

Австрискиот главен град, Виена, е прогласен за најдобар град за живеење во светски рамки, оставајќи го минатогодишниот број еден Мелбурн на второ место. Ова е прв пат европски град да биде на прво место на листата од годишната анализа спроведена од Economist Intelligence Unit (EIU).

Во составувањето на листата, којашто вклучи 140 градови, беа земени неколку одлучувачки фактори како политичка и социјална стабилност, криминал, образование и пристап до здравствени услуги. Според анализата речиси половина од испитаните метрополи забележале подобрување на условите за живот, во споредба со минатата година.

Топ десет листата за 2018 изгледа вака:

1. Виена Австрија

2. Мелбурн, Австралија

3. Осака, Јапонија

4. Калгари, Канада

5. Сиднеј, Австралија

6. Ванкувер, Канада

7. Токио, Јапонија

8. Торонто, Канада

9. Копенхаген, Данска

10. Аделаида, Австралија