Српскиот угледен виролог Ана Глигиќ, два дена после ревакцинацијата се заразила со коронавирус. Во моментов се лекува дома, закрепнува и како што сама вели, се поклонува до под во знак на благодарност на сите лекари и медиински сестри што е жива.
„Се ревакинирав во четвртотко, а веќе во понеделникот почувствував први симптоми. Немав висока температура, околу 37, но не можев да дишам. Беше сосема јасно дека итно морам во болница“, раскажала таа.
Во болница 13 дена била на кислородна поддршка. Како што вели, лекарите и медицинските сестри цело време биле со неа, како и со другите пациенти, и со нивна помош од оваа битка излегла како победник.
„Верувајте ми не можев да изговорам ни три реченици, а да не се заморам. Не можев ниту на нозе да застанам. Не можев ниту да јадам, ме хранеа. Еве, сега веќе можам да се движам сама низ дома, полека, но тргна на подобро“, рекла докторката.
Нејзиниот случај, како и многу други, го наметнуваат прашањето има ли вакцината смисла, дали секој од нас ќе создаде антитела, дали после вакцината ќе бидеме безбедни. но д-р Глигиќ има само еден одговор – вакцините вредат!
„Вакцината е единствениот начин да го запреме ширењето на пандемијата. Јас имам 86 години и хронични болести во комбинација со вирусот, доведе до ова. Но тоа е сега зад мене“, рекла за Блиц.рс докторката Глигиќ.