Мозаик 22.01.2021 23:17

Вирус ги нападна хрватските ракометари- без двајца клучни против Аргентина?

Вирус ги нападна хрватските ракометари- без двајца клучни против Аргентина?

Откако репрезентациите на Норвешка и Словенија имаа проблеми со стомачен вирус, уште една репрезентација се пожали на вакви проблеми. Како што пренесува хрватската телевизија РТЛ, стомачен вирус ги нападнал и ракометарите на Хрватска.

Неколку ракометари од составот на Лино Червар се пожалиле на проблеми со стомакот, а најлошо минале Иван Мартиновиќ и Домагој Дувњак. Мартиновиќ дури го пропуштил денешниот тренинг, а се тестирал превентивно на коронавирус.

Сепак резултатите од коронавирус тестот се негативни. Останатите ракометари во репрезентацијата чувствуваат само благи симптоми, но сепак ова не се добри вести за Хрватите.

Следниот дуел Хрватска го игра прпотив Аргентина и ова ќе биде одлучувачки натпревар за патникот во четвртфиналето. Доколку победат Хрватите дефинитивно ќе обезбедат нокаут фаза.