Актуелно,Мозаик 21.03.2019 22:17

Вистинска пролет: Еве какво ќе биде времето од утре до понеделник

Вистинска пролет: Еве какво ќе биде времето од утре до понеделник

Утре, како и за време на викендот ќе биде стабилно, а температурата повторно ќе биде во пораст.

Во сабота времето ќе биде претежно сончево, ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Слично време не` очекува и во недела кога времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се искачи до 23 степени.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе се искачи до 25 степени.