Актуелно 14.08.2018 17:36

Вистински среќник во големата трагедија: Возач го запрел камионот на работ на разрушениот мост во Џенова (ФОТО)

Вистински среќник во големата трагедија: Возач го запрел камионот на работ на разрушениот мост во Џенова (ФОТО)

Скоро сто метри пат исчезнаа во 15 секунди кога околу пладне се сруши дел од мостот Полцевера, недалеку од Џенова.

Според првите информации под рушевините останале затрупани возила во кои имало луѓе, на терен се сите расположливи екипи од брзите служби, пожарникари, брза помош, полиција и работници на автопатите со оглед дека мостот се наоѓа на дел од автопатот А10. Бројот на мртви досега официјално е 22 лица.

Но, сепак среќа имал овој возач на камион кој останал на работ на срушениот мост.