Живот 27.12.2018 00:29

Вистинските љубители на вискито ќе се шокираат од резултатите на оваа научна студија

Вистинските љубители на вискито ќе се шокираат од резултатите на оваа научна студија

Постојат огромен број скапоцени вискија на светот, но новата научна студија покажала дека 21 од 55 луксузни вискија се всушност лажни.

Она што ги шокираше сите љубители на овој алкохолен пијалак е дека дел од вискијата на пазарот всушност не се вистински и дека нивните верзии се лажни и речиси без вредност.

Шкотскиот универзитет тестирал 55 различни скапи и луксузни вискија, а резултатите биле шокантни. Дури 21 виски поминало како фалсификат, што значи дека речиси 50 отсто од вискијата на пазарот се лажни. Тоа понатаму значи дека годишно се даваат околу 52 милиони долари на лажни вискија, што е огромен проблем.

Од универзитетот велат дека главниот проблем лежи во потешкотијата на луѓето да разликуваат вистинско од лажно виски и тоа доведува до масовна продажба на лажните пијалаци по неверојатни цени. Некои од вискијата кои биле испитувани се продавале и по цена од 800 илјади евра, што е навистина шокантен факт.

Затоа, водете сметка и не трошете премногу пари на скапо виски бидејќи голема е веројатноста да дадете голема количина на пари на фалсификат.