Визер, водечката компанија за нискобуџетни услуги во Централна и Источна Европа, доби највисока оценка за безбедност од 7 ѕвезди од единствената компанија за рангирање на безбедност и услуги во воздухопловството Ерлајн рејтингс .
Безбедносниот рејтинг за секоја авиокомпанија се заснова на сеопфатна анализа користејќи информации од светското воздухопловно раководно тело и водечко здружение, заедно со владите и историските податоци.
Критериумите за евалуација се фокусираат на важни елементи како што се сертификацијата IOSA, одобрување на FAA, состојба и старост на флотата, историја на несреќи, безбедносен рејтинг на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) на земјата на потекло и други параметри.
Безбедносниот рејтинг со 7 ѕвездички, како во случајот со Визер, се доделува на авиокомпаниите кои ги исполнуваат сите критериуми за оценување.
Флотата на Визер има 104 авиони на Ербас А320 и А321, со просечна старост од 4,5 години.
Дидерик Пен, извршен потпретседател и главен оперативен директор на Визер (Wizz Air) изјави: „Безбедноста отсекогаш беше наш врвен приоритет и токму поради тоа сме среќни што добивме признание за најбезбедна авиокомпанија од страна на AirlineRatings.com. Ова признание е потврда за нас дека ние ги поставивме вистинските приоритети и ја зацврстуваме нашата определба да продолжиме да летаме најбезбедно преку нашата широка мрежа од повеќе од 600 правци до 142 дестинации во 44 земји”.