Актуелно 26.01.2019 19:13

„Владата да се консолидира и да одлучи кој е во право- МТСП кое дезинформира дека пензиите ќе растат или министерката која призна дека пензиите ќе се кратат“

„Владата да се консолидира и да одлучи кој е во право- МТСП кое дезинформира дека пензиите ќе растат или министерката која призна дека пензиите ќе се кратат“

Владата нека се консолидира и нека одлучи кој е во право, министерството за труд и социјална политика кое дезинформира дека пензиите ќе растат или министерката за труд и социјала која призна дека пензиите ќе се кратат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Факт е дека покачувањето на пензиите се крати. Тоа го пишува и во законските измени донесени од владата и гласани од пратениците на СДСМ. Втор неспорен факт е дека со измените пензиите ќе се кратат за 400 денари, стои во реакцијата и се додава:

„Владата да престане да манипулира и да ги лаже пензионерите. Суровата вистина е дека од една страна ги ограбуваат од друга страна ги лажат пензионерите“.