Актуелно 26.03.2019 16:01

Владата денеска ги задолжи граѓаните за нови 16, 2 милиони евра, економијата тоне

Владата денеска ги задолжи граѓаните за нови 16, 2 милиони евра, економијата тоне

Денеска Владата ги задолжи граѓаните за нови 16, 2 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна банка на Република Македонија сои реализацијата на државни обврзици во износ од 1.000.000.000 денари или 16,2 милиони евра.

Ова не е прв пат Владата да се задолжуваа оваа година односно ова се една од низата задолжувања кои ги направи Владата од почетокот на годината. Така задолжувањата од почетокот на годината за неполни три месеци изнесуваат огромни 229, 2 милиони евра.

Експертите велат дека ваквото динамично темпо на задолжување а притоа не пропратено со исто динамично темпо  на инвестирање во капитални инвестиции е алармантно и опасно. Според официјалните податоци во извештајот на Министерството за финансии за извршување на буџетот за месец јануари реализацијата на капиталните инвестиции изнесува очајни 1,09 %.

Дополнително јавниот долг континуирано расте и ја надмина психолошката граница од 50 %. Ваквата состојба каде што долгот расте додека реализацијата на капиталните инвестиции е ниска според економистите е поразителна и опасна.

СДСМ пред да дојде на власт беше голем критичар на задолжувањата но сега кога е на власт постојано ги практикува.