Владата ќе ја преиспитува одлуката за зголемување на стапката на ДДВ од 5 на 10 % за дел од производите кои според последните законски измени на Законот за ДДВ, според проценките на Министерството за финансии беа означени како “луксузни” и отпаднаа од групата основни прехрамбени артикли за кои ДДВ – то е 5 %.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Измени, како што вечерва објави Телма, со сигурност, ќе има кај преработките од млеко, како сирење, урда и кашкавал. Но, и за други производи.
Ќе се оценува и спроведливоста на новите стапки на ДДВ од 10 % и за увозот на дел од тропското овошје и прерабптки од зеленчук.
Одлуката за над 1600 производи кои се оданочуваат со 10% ДДВ е објавена во Службен весник на 28-ми септември.
Предходно телевизија Сител ја објави листата на производи за кои од владата уверуваа дека ќе бидат само луксузни. За Владата во луксузот се вбројува и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази
„Меѓу нив е и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли. Поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продаваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините“, објави Сител.