Актуелно 19.02.2020 15:33

Владата ќе ја задолжи државата за нови 14,6 милиони евра

Владата ќе  ја задолжи државата за нови 14,6 милиони евра

На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 900.000.000 денари или 14,6 милиони евра. Имено, владата планира да ги задолжи граѓаните за нови 14,6 милиони евра наредната недела.

Ова е само едно од низата на планирани задолжувања што ги прави владата и Министерството за финансии. Експертската јавност постојано ги критикува енормните задолжувања на владата на чело со СДСМ  кои велат дека не се оправдани односно дека воопшто не се наменети за капитални инвестиции. Економистите велат дека владиниот  економски  тим  не ја води економијата во правилна насока и дека јавниот долг е огромен односно ја надмина психолошката граница  додека стратешки проекти воопшто и да нема.

Инаку, СДСМ  пред да дојде на власт  континуирано ги критикуваше задолжувањата додека сега како власт  постојано ги практикува.