Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи.
За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети.
Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци.