Актуелно 05.09.2018 11:17

Владата ќе потроши 36 илјади евра за набавка на фотоапарати

Владата ќе потроши 36 илјади евра за набавка на фотоапарати

Владата на Република Македонија односно Генералниот секретаријат, распиша оглас за набавка на стоки – фото опрема.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 1.800.000 денари односно околу 30 илјади евра, а главен критериум за доделување на договорот е најниската цена. Вредноста на договорот со ДДВ би изнесувал околу 36 илјади евра.