Актуелно 09.09.2018 12:17

Владата ќе потроши астрономски 6,3 милиони евра за чистење и одржување

Владата ќе потроши астрономски 6,3 милиони евра за чистење и одржување

Владата ќе плати астрономска сума на пари за тековно одржување и чистење на своите објекти.

Имено, на системот за Јавни набавки има објавено 2 договори во кои како договорен орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и во овие огласи како предмет на договорите на јавна набавка стои тековно одржување и одржување на хигиена.

Вкупната вредност на договорите изнесува 385 000 000 денари или околу 6,3 милиони евра.

Претходно Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа. Проценетата вредност на истиот изнесува 41 милион денари односно околу 670 илјади евра.

Исто така, неодамна СОЗР распиша и тендер за набавка на кафе во вредност од 45 илјади евра.