На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.550.000.000 или 57, 6 милиони евра.
Ова е второ задолжување месецов претходното беше на шеснаесетти овој месец за огромни 57 милиони евра . Владата не престанува да ги задолжува граѓаните додека капиталните инвестиции изостануваат. Имено, реализацијата на капитални инвестиции за првите осум месеци според извештајот од Министерството за финансии изнесува поразителни 21,33 %.
Што е уште поалармантно според експертите е висината на јавниот долг кој треба да достигне и до 50 % од БДП според Светска Банка. Така , вкупниот јавен долг на Република Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6% во однос на претходниот квартал, а со новите задолжувања се очекува и драматичен пораст и на државниот долг на Република Македонија.
Исто така со новиот ребаланс на буџетот планирани се кратења во делот на гасификација а исто така е откажана и изградбата на клинички центар.
Економистите коментираат дека економскиот тим потфрли во спроведување на економските политики и во испорачување на конкретен резултат во поглед на БДП и зголемување на стандардот на живеење што наголемо го ветуваа пред да дојдат на власт.
Неодамна и Светска Банка ја ревидираше стапката на раст на БДП од 3,2% на 1,6 % за оваа година за која Владата ветуваше дека ќе ја исполни.