Актуелно 28.12.2019 13:18

Владата на СДСМ ќе издава еврообврзница од половина милијарда евра- Вовед во должничко сценарио или обид за предизборен поткуп

Владата на СДСМ ќе издава еврообврзница од половина милијарда евра- Вовед во должничко сценарио или обид за предизборен поткуп

Наместо да инвестира во капитални инвестиции, Заев парите од буџетот ги пренасочува во непродуктивни трошоци и позајмува пари па вели ќе ги покачува пензиите и платите, истакна вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Во ред, супер, ние сме за тоа. Среќа негова и среќа на Македонија што во април ќе дојде Влада која ќе знае како да го врати тоа без да почувствуваат граѓаните. Инаку ако оставевме на него, до јуни месец, којзнае што ќе се случеше, истакна тој.

-Еве сега слушам некои обврзници ќе објавувале во јануари, половина милијарда се споменува. Апсолутно нè води кон грчко должничко сценарио, истакна Мицкоски.

Што е еврообврзница?

Терминолошки, еврообврзница е државна должничка хартија од вредност којашто гласи на валута различна од валутата на земјата каде што е издадена.

Во однос на самиот процес на задолжување со еврообврзница, корисно е да се знае дека таа е еден од начините да се финансира буџетскиот дефицит. Буџетскиот дефицит е кусокот на пари што власта решила да го троши, но за тоа не ѝ стасуваат буџетските приходи. За да ги обезбеди, позајмува на домашниот, на меѓународниот пазар или продава имот на државата.

За да се побара логика во итното издавање како нужна потреба, а не осмислен процес, можат да се проверат податоците за извршување на буџетот од почетокот на годинава, но и тие не укажуваат на алармантна потреба.

Катастрофална реализација на капиталните инвестиции: Не се искористени ниту пола од планираните пари за училишта, болници, градинки…

Извршувањето на буџетот е индикатор дека во моментов не е потребна еврообврзница.

Имено заклучно со крајот на минатиот месец, реализирани се 49,02% од капиталните инвестиции.

Тоа значи дека Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев за цела 11 месеци не потрошиле ни колку што требаа да вложат за 6 месеци.

Односно, не се искористени повеќе од половина од планираните пари од буџетот за училишта, болници, градинки, патишта…

Ако не го сметаме ребалансот на буџетот, тогаш оваа сума е уште помала и изнесува 45,7% од сумата планирана за капитални инвестиции во 2019-та година.

Овие бројки се доказ за низа неисполнети ветувања и за не постоењето на посветеност и работа да се вложи во работи кои се важни за граѓаните.

Заев ветуваше дека реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде над 80%.

-Согласно сите напори што ги нарпавија сите министри, Бектеши, Анѓушев, тогаш Тевдовски и Николовски и Сугарески даваат можност да гледам како што се проектирани капиталните инветсиции да имаат извесност на реализација поголема од 80 отсто. Тој дел помеѓу 90 и 100 отсто ќе го скратиме и ќе го реалоцираме таму каде што може да се реализира, рече премиерот во јули годинава.

Но бројките и официјалната статистика по којзнае кој пат го демантираа Заев на очиглед на целата македонска јавност.

Нема крај на задолжувањата: За шест месеци СДСМ планира државата да ја „заборчи“ за нови 270 милиони евра

Покрај евробврзницата планирани се и дополнителни задолжувања во износ од 270 милиони евра.

Министерството за финансии предводено од кадар на СДСМ на својата веб страна ги објави планираните задолжувања за првите два квартали, односно првите шест месеци од годината за наредната 2020-та година.

Владата и Министерството за финансии планираат да издадат хартии од вредност во вредност од 16 милијарди и 500 милиони денари односно околу 270 милиони евра.

Задолжувањата континуирано растат додека капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво. Опозициската ВМРО ДПМНЕ како и експертската јавност континуирано предупредуваат за зголемените задолжувања и за зголемувањето на јавниот долг но власта упорно ги спроведува и повеќе од проектираните.

Така според информациите откако Заев е на власт јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра. Јавниот долг достигна фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

Инаку пред да дојде на власт СДСМ жестоко ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг предупредувајќи на црно сценарио за македонската економија додека сега континуирано ги спроведува и ја убедува македонската јавност дека тие се во нормала.

Ваквиот расплет на настаните со најавената евробврзница од половина милијарда евра отвара сомнеж дека средствата би биле употребени за непродуктивни трошоци кои би можеле да бидат злоупотребени во изборни цели.