Економијата тоне додека земјата уназадува споредено со сите балкански и европски земји во поглед на економскиот раст и развој.
Имено, во период 2006-2016 македонската економија (со сите негативни влијанија на Светската економска криза) растела со просечна стапка на економски раст од 3.2%, додека просечната стапка на раст за 2017-2018 е 1.45%, што е за 2.2 пати побавна динамика.
Дека економијата тоне и уназадува зборуваат и сите извештаи од ММф и Светска Банка додека Владата зборува сосема друго.
Реализацијата на капиталните инвестиции се катастрофална додека задолжувањата континуирано растат. Задолжувањата достигнаа од почетокот на годината скоро 400 милиони евра додека ништо не е изградено. Со вакво темпо на задолжување и катастрофални економ ски параметри според експертите земјата оди по многу опасен пат.