Како што соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, повикот ќе трае до 20 јуни, а може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилтсво, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат дејноста.
Двете мерки предвидуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство.
-Нашата цел е јасна, да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да градат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку и директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и развојот на економијата. Ова не е само ветување, туку создавање реални можмности за вработување и развој, истакна Дурмиши на прес-конференција во Владата.
Од повикот, рече, се искллучени дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при работување, а за лицата со попреченост и руралните жени се предвидени исклучоци согласно регулативата.