Актуелно 14.11.2018 15:56

Владата планира да се задолжи за нови 97,4 милиони евра на 20-ти овој месец

Владата планира да се задолжи за нови 97,4 милиони евра на 20-ти овој месец

Задолжувањата не престануваат додека катастрофалната реализација на капиталните инвестиции продолжува. Така за првите девет месеци реализацијата на капиталните трошоци изнесува едвај 27 %.
На официјалната страна на НБРМ објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 6.000.000.000 денари или 97,4 милиони евра.

Експертите коментираат дека ваквиот вид на задолжувања без вложување во долгорочни и стратешки проекти ја носат државата по многу опасен пат. Имено економската состојба во земјава е алармантна градежништвото тоне сиромаштијата зема се повеќе замав додека даноците се зголемуваат.
Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.
Истовремено расте и јавниот долг. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.