Актуелно 08.05.2018 10:46

Владата подготвува нова акциза – Дали струјата поскапува ?

Владата подготвува нова акциза  – Дали струјата поскапува ?

Дали економијата ќе претрпи нов удар?Фактор дознава дека се „крчкаат“ нови акцизи.Имено, според нашите извори струјата, природниот гас, лигнитот и коксот ќе бидат акцизни стоки.

Царинската управа готви нов Закон за акцизи а планира да воведе акциза на струјата, природниот гас, јагленот, лигнитот и коксот, дознаваме од доброупатени извори.

Моментално електричната енергија не е стока на која се наплаќа акциза а ако се покажат како точни нашите информации на овие енергенси сигурно во одредени режими на користење ќе се наплаќа акциза што значи дека ќе бидат зголемени цените на тие енергенси на нашиот пазар.

„Фактор“ достави прашања до Царинската управа и доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Дознаваме дека новитетите се дел од новиот предлоз Закон за акцизите во кој во одредени режими на користење акцизни стоки ќе бидат природниот гас, електричната енергија и тврдите горива: кокс и лигнит. Сега државата наплаќа акциза на течните горива: дизели, бензини, нафта за домаќинството. Веројатно наскоро ќе почне да се наплаќа акциза и на горенаведените стоки.

Нашите извори брифираат дека струјата наменета за домаќинствата и во новиот предлог Закон за акцизи нема да се оданочува односно на таа потрошувачка државата нема да наметне акциза. Сега електричната енергија не е стока на која се наплаќа акциза. Акцизата е давачка што го полни буџетот и таа се наплаќа на стоките кои доаѓаат од увоз. Македонија нема природен гас ниту  тврдо гориво кокс што значи дека ако се точни нашите информации на овие енергенси сигурно во одредени режими на користење ќе се наплаќа акциза што значи дека ќе бидат зголемени цените на тие енергенси на нашиот пазар.

Ексклузивното право да ги утврдува висините на акцизните давачки ќе го добие Министерството за финансии.