Економијата тоне велат експертите кои се повеќе ги коментираат лошите економски параметри на македонската економија.
Имено, според Државниот завод за статистика градежништвото е во континуиран пад и тоа во екот на градежна сезона односно забележан е пад на издадените одобренија за градење и тоа за 1, 5 проценти споредено со лани истиот период.
За тоа дека во економијата состојбата воопшто не е сјајна се и последните податоци од Министерството за финансии каде капиталните трошоци заклучно со месец јуни или за првата половина од годината изнесуваат катастрофални 20,33 %.
И додека Владата се фали дека ова е економска година и дека 2019 е година на инвестициски и инфраструктурен бум бројките и фактите го зборуваат сосема спротивното. Задолжувањата се енормни и секојдневни но вложувањата во инфраструктурни проекти се чини дека воопшто не оди со истата динамика како што одат задолжувањата што е опасно и алармантно коментираат експертите.
Неодамна излезе и извештајот на реномираниот “Financial times ” каде Македонија доживеа пад од 15 места на листата во делот на индексот за успешност на Гринфилд инвестициите ФДИ за 2019 споредено со лани. Ова додатно зборува за катастрофалната политика која владата и вице премиерот Кочо Анѓушев ја водат во делот на економијата. Исто така и германските компании кои работат во земјата го оценија работењето на владата во економскиот дел со нула. Македонија од водечка земја во регионот по странските инвестиции и позитивната економска клима за неполни три години доживеа пад на дното како на Балканот така и во Европа .