Актуелно 28.03.2019 16:20

Владата преку вработувања купува гласови? Среде избори царината распишува оглас за вработување

Владата преку вработувања купува гласови? Среде избори царината распишува оглас за вработување

Дали Владата преку вработувања купува гласови на сред кампања за претседателски избори. Имено, на официјалната страна на Јавни набавки објавен е оглас од страна на Царинска управа на Р. Македонија каде предмет на договорот за јавна набавка се услуги за привремени вработувања додека проценетата вредност без ДДВ во износ од 2.203.390,00 или 35 илјади евра.

Владата ветуваше дека нема да има партиски вработувања и на големо ги критикуваше вработувањата во администрација која сметаше дека е пренатрупана додека сега среде претседателски избори објавува оглас за вработување.

 

И опозициската ВМРО ДМПЕ јавно ги критикуваше партиските вработувања кои беа објавени пред изборите и обвинуваше дека владејачката СДСМ го прави ова за да купува гласови во очи кампања за претседателските избори. Во своите реакции ВМРО ДПМНЕ кажуваа дека СДСМ ја прави администрацијата свој инструмент за гласање и за вработување на несоодветни и неспособни партиски кадри.