Актуелно 14.02.2019 01:16

Владата прогласи дводневна жалост во Македонија

Владата прогласи дводневна жалост во Македонија

Владата на Република Македонија вечерва донесе одлука утре и задутре да ги прогласи за денови на жалост.

Согласно со одлуката на Владата 14 и 15 февруари ќе бидат денови на жалост во знак на почит кон загинатите патници во автобусот кој доцна попладнето се преврти на автопатот Скопје-Тетово.

Најновата вест е дека 14 патници се загинати.