Актуелно 24.10.2018 14:22

Владата работи на уставните амандмани, се уште не се знае кога ќе стасаат во Собрание

Владата работи на уставните амандмани, се уште не се знае кога ќе стасаат во Собрание

Владата интензивно работи на изготвување на уставните амандмани, за да се скратат роковите колку што е можно, но засега нема точен датум кога би можело тие да бидат испратени во собраниска процедура. Целиот процес, посочуваат оттаму, ќе биде целосно инклузивен и транспарентен.

– Веќе се работи интензивно на подготовката на уставните амандмани, но во моментов точен и прецизен датум кога ќе бидат завршени немаме. Но, како што знаете, сакаме да ги скратиме роковите колку што е можно и амандманите да влезат во собраниска процедура што поскоро, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција во Владата.

Се разбира, додаде владиниот портпарол, процесот ќе биде целосно инклузивен и сите пратеници во Собранието на Република Македонија ќе учествуваат во нивната финална изработка.

– Дополнително ќе биде вклучена и јавноста што значи дека кога ќе има некој готов нацрт или предлог ќе биде доставен до Собранието на кој ќе дадат импут и пратениците, а јавноста ќе биде целосно информирана, потенцира Бошњаковски.

На новинарско прашање, Бошњаковски се соврана и на повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкосски да се даде амнестија за сите осомничени за случувањата за 27 април.

– Минатата недела во Собранието бевме сведоци на расправата околу отпочнување на процесот за уставните амандмани. Зборовите кои беа кажани во македонското Собранието и од премиерот Заев и од пратеници беа помирување и национално обединување. Македонија е правна држава, така што тоа што следува пред нас е како во рамките на Собранието ќе започне процесот на помирување во однос на настаните од 27 април. Во овој момент тоа би бил одговорот ќе видиме што ќе се случува поматаму во Собранието на Република Македонија, рече Бошњаковски.

МИА