Владата на Република Македонија се откажа од оваа година во спроведувањето на програмата за енергетска ефикасност и обновливи извори. Наместо тоа, денеска на седница ќе расправа за пренамена на истите средства во проекти за наводнување.
Оваа програма опфаќаше капитални инвестиции, кои и онака мошне слабо се реализираа оваа година. Предвидено беше да се надгради ветерната електрана и да се изгради нова ветерна електрана во паркот во Богданци. На површина од 20 хектари над затворениот рудник Осломеј да се постават фотоволтаици а преку моделот на премиум тарифи, на земјиште од 5-та и 6-та категорија ќе го зголемиме производството на електрична енергија од фотоволтаични централи за дополнителни 200 мегавати.
Министрите ќе треба да се изјаснат и за потребата од итна санација на армирано-бетонскиот мост на пругата Велес – Гевгелија.
Ќе се расправа и за информацијата за анализа за алтернативна локација за изградба на нов Универитетски клинички центар во Скопје и формирањето на работна група за вршење на анализата.