Актуелно 16.10.2018 13:02

Владата се откажа од програмата за енергетска ефикасност

Владата се откажа од програмата за енергетска ефикасност

Владата на Република Македонија се откажа од оваа година во спроведувањето на програмата за енергетска ефикасност и обновливи извори. Наместо тоа, денеска на седница ќе расправа за пренамена на истите средства во проекти за наводнување.

Оваа програма опфаќаше капитални инвестиции, кои и онака мошне слабо се реализираа оваа година. Предвидено беше да се надгради ветерната електрана и да се изгради нова ветерна електрана во паркот во Богданци. На површина од 20 хектари над затворениот рудник Осломеј да се постават фотоволтаици а преку моделот на премиум тарифи, на земјиште од 5-та и 6-та категорија ќе го зголемиме производството на електрична енергија од фотоволтаични централи за дополнителни 200 мегавати.

Министрите ќе треба да се изјаснат и за потребата од итна санација на армирано-бетонскиот мост на пругата Велес – Гевгелија.

Ќе се расправа и за информацијата за анализа за алтернативна локација за изградба на нов Универитетски клинички центар во Скопје и формирањето на работна група за вршење на анализата.