На официјалната страна на Министерството за финансии објавени се проспекти на државни хартии од вредност во износ од скоро 32 милиони евра. Имено, државата планира да ги задолжи граѓаните за нови 32 милиони евра. Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар.

Исто така , податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до август годинава се реализирани само 23,31 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции. И покрај енормните задолжувања, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли.
Во меѓувреме и просечната исплатена нето плата забележува намалување во последните три месеци.
Во јули според статистика изнесувала 24.072 денари што е за 131 денар помалку од јуни. Во мај, кога почна трендот на намалување просекот беше највисок и изнесуваше 24.509 денари.
Истовремено расте и јавниот долг. Јавниот долг вртоглаво расте. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 процентни поени во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг, но раст и на внатрешниот долг.
Економистите коментираат дека економскиот тим на Владата целосно потфрли во спроведување на економски реформи и во водење на економијата. Според експертите ако продолжи вака катастрофалната состојба во економијата граѓаните ќе се соочат со додатно опаѓање на и онака нискиот стандард на живеење.