Актуелно 10.04.2019 16:10

Владата во сред кампања се задолжува за огромни 39 милиони евра

Владата во сред кампања се задолжува за огромни 39 милиони евра

На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 2.400.000.000 или скоро 39 милиони евра.

 

Ова е едно  од низата задолжувања што Владата ги направи од почетокот на годината но сега се задолжува на сред претседателска кампања. Имено, долгот континуирано расте и само од почетокот на годината Владата вклучително со овој долг изнесува 268 милиони евра за само неполни четири месеци.

Економистите коментираат дека со ваквото динамично темно на задолжување непропатено  со исто динамично темпо на капитални инвестиции македонската економија се движи кон колапс. Капиталните инвестиции се од витално значење на економијата  а со нив тесно е поврзано и градежништвото кое е еден од носечките столбови во градењето на Бруто домашниот производ.

 

Владата пред да дојде на Власт на големо ги критикуваше задолжувањата додека сега континуирано ги практикува. Инаку јавниот долг ја премина психолошката граница од 50 % и е проектиран да расте во наредните години.