Актуелно 04.07.2018 11:02

Владата зборува за транспарентност додека „Пуцко петрол“ доби нов тендер за гориво од државата

Владата зборува за транспарентност додека „Пуцко петрол“ доби нов тендер за гориво од државата

Фирмата „Пуцко Петрол“ во сопственост на градоначалникот на ДУИ во Пласница, Исмаил Јахоски во нов бизнис со државата. По тендерот од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите на ЈСП Скопје, „Пуцко Петрол“ склучи нов договор со Службата за општи и заеднички работи при владата. Семејната фирма на Јахоски потпиша договор од 3 милиони денари или 50 илјади евра за набавка на екстра-лесно масло за греење за претстојната и идната грејна сезона.

Договор помеѓу „Пуцко – Петрол“ и Влада:

Продавачот е должен да го испорачува предметот на договорот до резервоарите на чување не екстра-лесно масло за домаќинства во објектите на Вила Дојран, Комплекс Вили Охрид, Вила Попова Шапка, Вила 2 Скопје, Вила 3 Скопје и Клубот на Републички органи – Скопје.“

Оссвен овие два тендери, „Пуцко – Петрол“ претходно го доби и тендерот за набавка на гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра. Преку архивата на Бирото за јавни набавки може да се увиди дека во првите шест месеци од годинава, фирмата „Пуцко – Петрол“ активно учествува и победува на тендерите за набавка на институции со горива и масло за греење на домаќинства.

Меѓу поголемите јавни набавки во си-вито на фирмата на градоначалникот на Пласница е набавката на горива и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница и масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра.

На листата на институции на кои „Пуцко  – Петрол“ годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, како и за Управата за јавни приходи. Едноставниот збир на јавно достапните информации на Бирото за јавни набваки покажува дека „Пуцко – Петрол“ за зделки од првата половина од годинава, од државата ќе инкасира фантастични 16 и пол милиони евра.

 

 

Извор: Алсат М