Актуелно 07.12.2018 01:49

Владо Јовановски со емотивен статус: Љубиша, уживај во рајот зашто во ова трло живите им завидуваат на мртвите!

Владо Јовановски со емотивен статус: Љубиша, уживај во рајот зашто во ова трло живите им завидуваат на мртвите!

Актерот Владо Јовановски со емотивен статус на Фејсбук се збогува од театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски, кој утрово почина.

-Драг професоре Љубиша Георгиевски, прости ми што дури сега ти пишувам а утринава разбрав за Твоето оправдано физичко отсуство од овој свет. Сигурен сум дека ќе ме разбереш, зашто имав објективни причини… Поточно имав “Снимање”, кое некои го нарекуваат судење. Професоре, чест ми е што Те запознав во животов, што можев да учам од Тебе и како треба и како не треба и што имав чест да соработуваме во повеќе проекти.
Особено ми е драго што учествував во Твојата последна претстава (а можеби и моја последна), “Папагалот историко”, која ете некако успеавме да ја одиграме двапати или трипати, ако ја вклучиме и генералната проба. Претстава која меѓудругото зборуваше и за настаните од 27. април 2017. година.
Нејсе…
Знам дека си веќе кај Бога, пред кого сите еден ден ќе се претставиме.
Те замолувам да му пренесеш нему, на Створителот (иако знам дека ОН се знае), едно мое чувство за Македонија и за нејзината иднина.
Речи му… Владо ми рече да Ти го кажам ова…

ДРЖАВА КОЈА ИМАЛА И ИМА ТАКВИ И ВАКВИ ТАЈНИ СЛУЖБИ, И ТАКВО И ВАКВО ГАНГРЕНОСАНО ОПШТЕСТВО ВО СИТЕ ПОРИ, НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА ИДНИНА!
ЗАТОА ШТО ТОА НЕ БИЛО ДРЖАВА И ТАКВОТО И ВАКВО ОПШТЕСТВО НЕМА ИДНИНА!

Ако Ти не му го кажеш ова…
Јас секако еден ден ќе му го кажам, кога ќе стасам…
Сега за сега, нека ми го продолжи престојот во ОВАА НАША ЧУДЕСНА ЗЕМЈА, зашто сум љубопитен како ќе заврши мојот живот..

ЉУБИША…
СМЕЈ СЕ ТАМУ И УЖИВАЈ ВО РАЈОТ, ЗАШТО ОВДЕ ВО ОВА ТРЛО ЗА СТРИЖЕЊЕ ОВЦИ,
ЖИВИТЕ ИМ ЗАВИДУВААТ НА МРТВИТЕ!, пишува Јовановски.