Некатегоризирано 31.07.2019 21:38

Власта мераклија по пукање и оружје (ВИДЕО)

Власта мераклија по пукање и оружје (ВИДЕО)

Вчерашното пукање на свадба во Тетово, ја шокираше македонската јавност откако беше потврдено дека има двајца повредени од огнено оружје. Бурноста на реакциите во јавноста стана уште поголема откако во јавноста проструи информацијата дека еден од повредените лица е син на пратеникот од редовите на владеачката ДУИ, Џеват Адеми.

Албанските медиуми во Македонија набргу лиферуваа дека пратеникот Адеми со огнено оружје го ранил својот син, но ваквата информација набрзо беше демантирана од семејството на повредениот. Јавноста се уште е во шок, синот на пратеникот се уште е во болница, а институциите не даваат никакви информации кој пукал во синот на пратеникот.

Ова не е изолиран случај во кој може да се забележи меракот на власта за оружје.

Да се потсетиме на инцидентот во Чаир кога пред бројни новинарски екипи, додека изјава даваше вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи се слушаа рафални истрели од огнено оружје, а причина за ваквиот неконвенционален на славење беше победата во албанскиот блок на ДУИ на предвремените парламентарни избори 2016-та одина.

Ниту локалните избори 2017-та година не поминаа без пукање па така, пред изборниот штаб на СДСМ во Шуто Оризари со огнено оружје се славеше победата на актуелниот градоначалник Курто Дудуш. И во овој случај не беа пронајдени ,,каубојците” кои политичка победа славеа со оружје.

На јавноста и се свежи сеќавањата со претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, кој на Фејсбук се пофали со скандалозна снимка. Имено на снимката се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот.

За ниту еден од овие редовни инциденти нема правна развршница, граѓаните не се информирани до каде е истрагата и дали воопшто има истрага за овие случаи.