Актуелно 24.02.2019 12:52

Влезовите на Скопје утрово закрчени: На овие булевари има привремен сообраќаен режим

Влезовите на Скопје утрово закрчени: На овие булевари има привремен сообраќаен режим

Од Град Скопје информираа дека екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина. Градежните работи ќе се изведуваат од 7:30 до 12:30 часот поради што сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.

Се апелира учесниците во сообраќајот да го почитуваат сообраќајниот режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.