250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември, владата се грижи за рамномерен регионален развој, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини.
Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.
Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега
Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој.
Исполнуваме. За тебе!, стои во соопштението на партијата.