Актуелно 22.01.2019 13:39

ВМРО-ДПМНЕ: Десет дена Зоран Заев се крие и бега од распишување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните претседателски

ВМРО-ДПМНЕ: Десет дена Зоран Заев се крие и бега од распишување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните претседателски

Десет дена Зоран Заев се крие и бега од распишување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните претседателски. Заев замина на луксузно зимување во Германија каде смислува причини зошто не треба да излезе на избори и да се соочи со гневот на народот за неговите антидржавни политики. Оправдувањата дека ќе биле закочени реформите се смешни и провидни, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Реформи немаше две години, а уште помалку ќе има во месеците кога нема да работи Собранието и политичките субјекти ќе бидат фокусирани на кампањата. Реформи немаше ниту во здравството, образованието, економијата, екологијата или кој било ресор што немаше никакви допирни точки со капитулантските преговори за распродажба на името. Вистината зошто Заев и СДСМ бегаат од избори не се наводните реформи. СДСМ и Заев бегаат затоа што знаат дека губат. Граѓаните не го поддржуваат СДСМ и Заев.“

Од партијата веладека граѓаните не ги оправдуваат антидржавните политики на СДСМ и истите ќе ги казнат, а СДСМ нема легитимитет ниту за промена на уставното име, ниту за неуставниот закон за двојазичност.

„СДСМ нема легитимитет за ништо што прави. СДСМ треба да се охрабрат и да распишат избори за да го проверат сопствениот легитимитет и кредибилитет. Изборите се единствениот излез од оваа криза во која ја втурнаа државата. Државата е потоната во црнила. Здравството е девастирано, образованието во хаос, земјоделието на колена, а безбедноста нарушена. Република Македонија губи на секое поле. Граѓаните се понижени.

-Сите ветувања кои ги дадоа се испоставија како огромни лаги. Ветуваа дека ќе го решат проблемот со загадувањето, сега две години подоцна ништо од тоа што го ветуваат не реализираа. СДСМ мора да си замине. Република Македонија не смее да продолжи да тоне. Граѓаните заслужуваат подобра иднина, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.