Актуелно 22.09.2020 14:50

ВМРО-ДПМНЕ има сила за промени, Мицкоски со драстична катарза, Зоран Заев направи влада со стари кадри

ВМРО-ДПМНЕ има сила за промени, Мицкоски со драстична катарза, Зоран Заев направи влада со стари кадри

Вчера  заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На истиот се донесени одлуки за драстични промени во високите раководни позиции на партијата.

Рашела Мизрахи, епидемиологот Вело Марковски, Антонио Милошоски… се дел од новите лица кои влегоа во ИК на партијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција соопшти дека на членовите на ЦК им понудил вонреден конгрес на кој тој не би бил кандидат, со што како што велат од партијата тој предлог бил одбиен од страна на членовите на Централниот комитет.

Од доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, во партијата беа направени големи промени во раководните структури или како што милуваат од таму да кажат, „катарзата во ВМРО-ДПМНЕ продолжува“.

Ваквите промени во партијата како што велат од опозициската партија се прави за борба против „мафијата на власт“.

-Реалноста говори дека имаме власт која е мафија чиј што главен интерес е заштита на криминалот и нерешавањето на проблемите. Реалноста говори дека денес Зоран Заев не може да реши ниту еден крупен проблем, затоа што тој е изворот на сите проблеми и непобитно се докажува дека секој ден поминат со оваа Влада ќе биде се полошо за народот и за државата. Четири години се на придавката „ќе“, но тоа не може да биде изговор за тоа што тие не работат. Реалноста покажува и дека самата Влада е на стаклени нозе. Впрочем за тоа говори и фактот што парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ е најбројната во македонското собрание. Владата на Заев не може да ги реши проблемите ниту во здравството, ниту во судството, ниту во образованието, ниту во земјоделието, а најмалку во економијата, затоа што Владата на Заев е проблемот во Македонија денес. Што се однесува до самите внатрепартиски состојби, отворено дискутирав за моето речиси три годишно управување со партијата, за тоа како ја затекнав, во каква состојба и низ какви се премрежја поминавме и удари поднесовме. Јас не бегам од моите принципи и затоа иако до денешен ден не беше поднесена никаква иницијатива за вонреден конгрес од страна на оние кои водат хајка врз мене, а целта е ВМРО-ДПМНЕ, само така служејќи му на Заев, Јас на сопствено барање поднесов предлог за свикување на вонреден конгрес на кој што јас нема се кандидирал. Централниот комитет надвор од моето присуство откако ја напуштив салата на која се оддржуваше седницата на самиот Централен комитет го одби практично  едногласно ова мое барање и не се согласи со ваквиот предлог, а со тоа ми  даде полн легимитет да продолжам со раководењето со ВМРО-ДПМНЕ и јас во име на тоа им се заблагодарувам на укажаната доверба, што за мене е обврска, да со уште посилно темпо продолжиме со рушењето на мафијата, истакна Мицкоски вчера, веднаш по седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквиот потег, со промената и носењето на „свежа крв“, партијата ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже дека е подготвена на промени, за разлика од актуелната владејачка партија СДСМ, која веќе долго време е со истите кадри.

Новата влада е со речиси истите министри од предходниот состав, а највисоките партиски функционери се долги години непроменети.

Имено во 2014 година, СДСМ на тие избори изгуби со речиси 200.000 разлика, а загуби и на изборите во 2016 година, Зоран Заев и СДСМ не направија никаква промена во партијата. Истите истрошени кадри се до ден денес на чело на СДСМ.